Бугарската роза Дамасцена ќе биде претставена на саем во Франција
Бугарската маслодајна роза Дамасцена (Rosa damascena) ќе биде претставена од 20 до 23 август на 103-от Саем на лавандата во францускиот град Дин ле Бен, каде што Бугарија ќе биде почесен гост, соопштија организаторите, пренесува БТА.
Розата ќе биде претставена како едно од препознатливите богатства на Бугарија, познато по висококвалитетното етерично масло и традициите во нејзиното одгледување и преработка.
На саемот ќе има секојдневна дестилација на лаванда, презентации на локални производи и традиции, како и содржини поврзани со бугарското културно наследство. Настанот ќе се одржи на плоштадот „Генерал де Гол“ во центарот на Дин ле Бен, а влезот ќе биде бесплатен.
