| |

КОЛЕВ: НЕКА ОВИЕ СВЕТЛИ ДЕНОВИ НИ ДАДАТ СИЛА ДА ВРШИМЕ ПОВЕЌЕ ДОБРИНА

Претседателот на ГДУ, Петар Колев, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

Во честитката претседателот на ГДУ, Петар Колев, истакна:

„Дозволете ми од мое лично име и од името на ГДУ, на сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар, да им упатам честитки за добро здравје, среќа и хармонија. Нека Бог ве чува и нека ви помогне во сите искушенија. Меѓусебното почитување, разбирање и взаемното помагање – нека бидат водилка во овие тешки времиња. Личниот пример и желбата да се помогне на ближниот посебно во овие денови, секако во името на заедничкото добро, е во основата на христијанското разбирање за тоа како треба да живеат луѓето на замјата. Во овие тешки мигови на прво место доаѓа солидарноста како врвна христијанска вредност. Делата на Христос треба да ни служат како пример и нека во овие светли денови ни дадат сила да вршиме повеќе добрина.

Христос воскресна! За многу години!“



Слични Објави