БУГАРСКАТА СОФТУЕРСКА КОМПАНИЈА „СКЕЈЛ ФОКУС“ ЌЕ ИНВЕСТИРА 45 МИЛИОНИ ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА
Договор за државна помош согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите денеска во Владата потпишаа министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и Пламен Цеков, основачот и извршен директор на најголемата бугарска софтверска компанија „Скејл Фокус“, со кој таа се обврзува во наредните пет години да инвестира 45 милиони евра во земјава и да отвори повеќе од 300 работни места за софтверски инженери, јавува Лидер.
„Скејл Фокус“, која според извештајот на „Фајненшал тајм“ за 2019 година е во 1.000-те најбрзорастечки компании во Европа, веќе на почетокот на овој месец ја отвори својата фирма во Скопје во која првично ќе работат 85 лица, а во наредните пет години нивниот број ќе стигне до 300. Компанијата има над 1.000 вработени и свои канцеларии во Бугарија, САД, Обединетото Кралство, Швајцарија и Германија и работи за 300 клиенти од кои 200 се од листата на најбогатие 500. Таа во моментов работи на 500 проекти.
Како што истакна премиерот Зоран Заев по потишувањето на договорот, „Скејл Фокус“ планира да отвори Центар за обука и развој на млади таленти во Скопје во вредност од два милиони евра.

