| |

Бугарската телевизија БТВ ќе се обрати до европските институции поради запирањето на тимот на БГНЕС на границата со Северна Македонија

Бугарската телевизија „БТВ“ за време на својата централна емисија вести најави дека ќе побара коментар од европските институции во врска со случајот во кој на екипа на Агенцијата БГНЕС не и беше дозволен влез во Северна Македонија, јавува БГНЕС.

На 21 август, граничната полиција на Северна Македонија запре екипа на Агенцијата БГНЕС на граничниот премин Станке Лисичково/Делчево, под изговор дека немаат акредитација од македонското Министерство за информации.

Антон Станков од БГНЕС во интервју за „БТВ“ го коментира апсурдното оправдување за „немањето акредитација“.

„Ние пишуваме до нашето Министерство за надворешни работи, тие до нивното МНР. Нивното МНР пишува до Министерството за информации. Таму нè одобруваат, евентуално. После тоа го враќаат во нивното МНР, го враќаат во нашето МНР и дури потоа тргнуваме“, објасни Станков.

Телевизијата потсети и на други случаи во последниве години во кои бугарски новинари беа запрени на границата со Северна Македонија. Највпечатливата ситуација се случи пред една година, кога на илјадници бугарски граѓани, меѓу кои и новинари, не им беше дозволено да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев по повод 151-та годишнината од неговото раѓање.

И покрај сите овие непријатни инциденти, бугарските новинари продолжуваат да се надеваат на нормални односи.

„Но, тоа не може да се случи се додека во Македонија владее македонизмот, кој ја искривува историската вистина и прави така што за да бидеш Македонец треба да мразиш се што е бугарско“, вели Велислав Илиев, уредник во агенцијата БГНЕС.



Слични Објави