Бугарската влада денеска ќе одобри странски инвестиции за речиси 500 милиони евра во три бугарски општини
Бугарската влада денеска одобрува клучни проекти за нови странски инвестиции во општините Плевен, Марица и Шумен за близу една милијарда лева, најави премиерот академик Николај Денков, јавува БНР.
Тој потсети и на вчера претставениот белгиски конзорциум кој во Бугарија ќе инвестира над 1 милијарда евра за производство и рециклирање на литиум-јонски батерии за електрични возила и ќе отвори 1.200 нови работни места.
Премиерот смета дека обезбедувањето добро платени работни места е најдобрата социјална програма што може да ја направи владата.
„Да се обезбедат инвеститори кои можат да создадат висока додадена вредност, а со тоа и подобри плати за оние кои работат за нив. Тоа се инвестиции не само во Бугарија. Тоа се инвестиции во луѓето, во Бугарите. Ова е начин да се стигне до просечната плата во Европа Ова е патот кон нормалниот европски живот“, посочи премиерот на почетокот на владината седница.
Фото: БГНЕС

