| |

Бугарската заедница во Атина од 22 до 25 октомври ќе организира „Денови на св. Иван Рилски“

Бугарската заедница во Атина од 22 до 25 октомври 2026 година ќе организира „Денови на св. Иван Рилски“, по повод 1080 години од упокојувањето на светецот и во пресрет на 20-годишнината од формирањето на бугарската црковна заедница при храмот „Св. преп. Иван Рилски Чудотворец“ во грчката престолнина, јавува Радио Бугарија.

Програмата предвидува меѓународен академски форум, детска изложба, преведувачки конкурс и празнични богослужби со учество на свештенослужители од Бугарската и Грчката православна црква. Пријавите за учество во конкурсите, со реферати и проекти, се примаат до 15 октомври.

„Бугарската заедница во Атина е голема – неколку десетици илјади луѓе. Местото што нè обединува е бугарскиот православен храм во Атина, посветен на свети Иван Рилски“, изјави за БТА Генчо Банев, лектор по бугарски јазик, литература и култура на Националниот и Каподистриски универзитет во Атина.

Според Банев, свети Иван Рилски е добро познат и во Грција преку црковни текстови и богослужби, а истражувањата укажуваат дека на островот Тинос се чуваат дел од моштите на светецот.

Слични Објави