Бугарски научници и општественици со платформа „За Македонија“ во одбрана на бугарските национални интереси

//

Не сме против соработката и дијалогот, но тоа не може да биде на сметка на Бугарија и на вистината, изјави бугарскиот историчар проф. Пламен Павлов на прес-конференцијата на платформата Национален круг „За Македонија“ што се одржа денеска во Националниот прес-клуб на БТА.

Целта на основачите на иницијативата е цврсто да ја бранат бугарската рамковна позиција за членството на Република Северна Македонија во ЕУ и Декларацијата изгласана од 44-то Народно Собрание. На настанот присуствуваа европратеникот Ангел Џамбазки, актерот Христо Мутафчиев, научници и други претставници на бугарската јавност.

Според проф. Павлов, во Република Северна Македонија има „бугарско мнозинство“, а не малцинство. Тој додаде дека секој има право да се смета таков, каков што самиот сака да биде.

Проф. Ана Кочева коментира дека во Република Северна Македонија нема бугарско малцинство, туку има дел од бугарскиот народ кој живее во неа.

„Ова е битка за Бугарија, а не за Северна Македонија“, рече проф. Николај Овчаров во врска со дебатите за историјата и културата на двете земји. Проф. Кочева додаде дека битката е и за зборот, за бугарскиот јазик.



Иницијативата беше објавена со декларација до медиумите на 1 април 2022 година од 19 научници, интелектуалци, новинари и јавни личности – акад.Георги Марков; Проф. Пламен Павлов; проф. Ана Кочева; д-р Казимир Попконстантинов; проф. Христо Смоленов; проф. Никола Алт’нков; проф. Николај Проданов; Проф. Трендафил Митев; Доц.Спас Ташев; Доц.Александар Гребенаров; Андреј Слабаков; Цочо Билјарски; Христо Димитров; Искрен Веселинов; Костадин Филипов; Кристијан Шкварек; Илија Стојановски; Димитар Димитров; Ивајло Шопски; д-р Димитар Иванов; Димитар Томов; д-р Благовест В’рбаков.

Потоа поддршка дадoa и проф. Николај Овчаров; Проф. Михаил Константинов; Харалан Александров; Проф. Антоанета Христова; д-р Димитар Аркадиев; Валерија Велева; Петјо Бласков; Христо Мутафчиев; Проф.Петар Стојановиќ; д-р Милен Врабевски; Светослав Гоцев; д-р Чавдар Ангелов; Екатерина Белчева; Људмил Иванов; Георги Луков; Даниела Горчева; Румен Леонидов.

Претходна статија

Арсовска: Градот Скопје е пријател на лицата со аутизам, со поддршка на бројни проекти овозможуваме социјална инклузија на сите лица со попреченост

Следна статија

Каевски: Апсурди, Арсовска тужи затоа што била кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Најново од Вести