Утрово во 7 часот и 19 минути земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија. Според информациите досега земјотресот бил почувствуван и во Црна Гора.
loading...
Земјотресот е со епицентар на 28 километри северно од Драч или 39 километри од Тирана .
Според прелиминарните податоци за обработка, епицентарот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема пријавена материјална штета од истиот.