| |

Бугарскиот црвен крст префрли нови 500 илјади евра помош за Турција и Сирија

Бугарскиот Црвен крст префрли дополнителни 1 милион лева од средствата собрани во рамките на Националната кампања за помош на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Тие се распределени на следниов начин: 600.000 лева на билатерална основа за Турската Црвена полумесечина и дополнителни 400.000 лева за Сириската арапска црвена полумесечина, преку итен апел на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Со ова, вкупната сума што е префрлена за двете погодени земји изнесува 1.810.000 лева, објави БЧК.

Уште првиот ден, по апелот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина , Бугарскиот Црвен крст додели 5.000 швајцарски франци за Сирија од својот Фонд за катастрофи, несреќи и кризи. На 9 февруари 2023 година, беа префрлени 480.000 лева за Турција и 320.000 лева за Сирија од средствата собрани од Националната кампања на организацијата.

БЦК продолжува да собира средства во рамките на Националната кампања за помош на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија



Слични Објави