Бугарскиот државен врв го поздрави папата Лав XIV
Бугарскиот премиер Росен Желјазков и претседателот на Бугарија Румен Радев го поздравија папата Лав XIV. Речиси веднаш по објавувањето на новиот папа, честитки дојдоа и од лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, јавува БГНЕС.
„Од срце го поздравувам новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав XIV. Му посакувам на Неговата Светост успех во неговата мисија да се стреми кон мир, давајќи надеж на свет раздиран од војни и конфликти. Со нетрпение очекувам понатамошно зајакнување на односите меѓу Бугарија и Светата престолнина“, напиша премиерот Росен Жељазков на социјалната мрежа X.
Претседателот Румен Радев, исто така, ја искористи социјалната мрежа за да ги изрази своите честитки: „Нека работи со мудрост и посветеност за помирен свет и дијалог меѓу сите. Убеден сум дека ќе биде заштитник на слабите и оние во потреба низ светот. Бугарија високо ги цени пријателските односи со Светата престолнина“, напиша Радев.
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, исто така, испрати срдечни честитки до новоизбраниот папа: „Нека неговата мисија биде водена од мудрост, нека биде глас на мирот и сочувството. Бугарија го цени пријателството со Светата столица и понатаму ќе ги продолжиме нашите врски со почит и споделени вредности“, гласи честитката на Борисов на неговата Фејсбук страница.
