Несреќата со автобусот на „Дурмо Турс“ во Ласкарци се случи во 2019-та, а уште нема завршница, еве што вели државниот обвинител Јовески

/

Синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваше државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој беше прашан и за несреќата во Ласкарци со автобусот на „Дурмо Турс“.

„Обвинителството во предметот за незгодата кај Ласкарци во рок од 6 месеци ја заврши истрагата и поднесе обвинение до надлежниот суд. Овој период се должи на тоа што судот, односно судијата, кој управува со тој случај, кога ќе го закаже судењето на предметот и каква динамика ќе му даде на предметот. Обвинителството во неколку наврати има интервенирано на предметот да му се даде побрз тек, но очигледно, колку што разбрав, во последно време е определено некое вештачење, па нашиот обвинител приговара на конфликт на интереси меѓу тоа вештачење и сведок на истрагата бидејќи е доверено на Техничкиот факултет во Битола“, истакна Јовески.

Тој вели дека тие како обвинителство ќе настојуваат побрзо да се закажуваат судењата со цел да се донесе одлука.

Инаку, на 13 февруари 2019 кај Ласкарци се случи голема автобуска несреќа откако автобус излета од автопатот, што резултираше со 16 починати патници.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

МТСП: Во тек е етапната исплата на ноемвриските пензии

Следна статија

„Пирогов“: Состојбата на преживеаните од автобуската несреќа е стабилна, тие ќе бидат отпуштани во фази

Најново од Вести