| |

Проф. д-р Цоков: Првиот училишен ден е празник за целото наше општество и е празник на знаењето

Во бугарските училишта денеска ќе влезат над 700.000 ученици. За секој од нив и нивните семејства денеска е празник. Така е и за сите оние кои својот живот го поврзале со мисијата да образоваат и да формираат поединци. Затоа и првиот училишен ден е празник за целото наше општество. Тоа е празник на знаењето, вели министерот за образование и наука на Бугарија проф. д-р Галин Цоков во честитката за првиот училишен ден, јавува прес-центарот на Министерството за образование и наука (МОН).

Честитката е упатена до првачињата, до директорите, до наставниците и педагошките специјалисти, до учениците и родителите. Во неа министерот за образование вели: „Би сакал особено да им се обратам на оние нешто повеќе од 57 илјади првачиња, кои денеска за прв пат ќе се сретнат со своите наставници. Драги деца, денес во вашето матично училиште започнувате одлична авантура.Авантура која ќе биде исполнета со многу предизвици, игри, откривање нови работи и учење за светот околу вас. Бидете љубопитни и пред се среќни во текот на училишните часови пред вас. Не заборавајте ниту за момент дека училиштето е место каде што секогаш ќе добивате поддршка и разбирање.Почитувајте ги наставниците и комуницирајте со соучениците – пријателството со нив е бесценето“.

Во своето обраќање до наставниците и раководителите на образовните институции, министерот Цоков забележува дека има тешки денови во образовниот процес, има и моменти кога секој се прашува дали треба да продолжи да дава сè од себе. „Денес, кога целото наше општество гледа на вас, повеќе од кога било треба да бидете горди на својата професија. Сакајте ја затоа што таа е призвание! Бидете горди што сте учители на нашите деца. Илјадниците цвеќиња што ќе ги добиете на првиот ден на училиштето се гест на благодарност и признание за вашата работа од целото општество“, вели министерот за образование.

Тој, исто така, упатува посебни честитки до колективите на сите јасли и градинки, кои ги поставуваат темелите без кои успехот и на училиштето и на високото образование би бил незамислив.

„На крај, но не и најмалку важно, го честитам првиот училишен ден и 398 бугарски неделни училишта во странство. Почитувани претставници на бугарските заедници и учители, продолжете да предавате и дајте се од себе за да ја негувате љубовта кон јазикот, културата и нашата татковина во овие близу 30 илјади деца кои живеат далеку од Бугарија, но преку вас ќе остане во нивните срца. Вам на сите наставници, директори и ученици, ви посакувам здравје и благосостојба“, со овие зборови завршува честитката за 15 септември на министерот за образование и наука на Бугарија проф. д-р Галин Цоков.



Слични Објави