| |

ДО КРАЈОТ НА АВГУСТ ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ИСПИТ ЗА ОВЛАСТЕН СТЕЧАЕН УПРАВНИК

Министерството за економија врз основа на член 23 од Законот за стечај на својата веб страна има објавено оглас за пријавување на кандидати за полагање на испит за овластен стечаен управник кој трае до 31 август. Испитот е услов за добивање на лиценца за вршење на работите на стечаен управник, со што тој станува лице кое е овластено во стечајната постапка да ја води реорганизацијата или ликвидацијата на должникот.

Што се однесува до условите коишто треба да ги исполнат кандидатите кои ќе се пријават на огласот за полагање на испит за овластен стечаен управник, покрај државјанство и живеалиште во Република Македонија, тие треба да завршиле високо образование од соодветната област, да имаат најмалку 3-годишно работно искуство по дипломирањето во областа на правото, економијата или бизнис администрацијата и пет години работно искуство по дипломирањето во областа на трговските дејности, да поседуваат потврда за редовно посетување обука издадена од Комората на стечајни управници и со правосилна одлука да не им е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната.

Потребните документи кои треба да ги достават кандидатите за полагање на испит за овластен стечаен управник се дадени во објавениот оглас на веб страната на Министерството за економија, а термините за полагање на испитот за прв (теоретски) дел и втор дел (практичен пример) Министерството за економија дополнително ќе ги закаже, по завршување на рокот на пријавување за испитот.



Слични Објави