Бугарскиот конзулат во Одрин блесна во боите на бугарското државно знаме
По повод претстојната Нова година Генералниот конзулат на Бугарија во Одрин блесна со боите на бугарското национално знаме, јавува БГНЕС, пренесува Фактор.
Во последните години Одрин стана една од омилените туристички дестинации за Бугарите. Речиси и да нема Бугарин кој не влегува во градот кој се наоѓа веднаш по преминувањето на бугарско-турската граница.
А за Новата 2024 година, бугарскиот јазик, може да се слушне речиси насекаде во Одрин, кој накратко беше главен град на Отоманската империја и може да се пофали со бројни туристички атракции, од кои некои се поврзани и со бугарската историја.
