Бугарскиот ликовен уметник Валентин Јорданов ќе ја претстави својата уметност на голем форум во Пекинг
Уметникот од Лас Вегас, Бугаринот Валентин Јорданов ќе ја претстави својата работа на Beijing Art Expo 2023 /Beijing Art Expo/. Тој самиот сподели за своето учество преку објава социјалните мрежи, прецизирајќи дека спектакуларниот настан ќе се одржи во кинеската престолнина од 7 до 10 септември.
Чест ми е што моето дело беше избрано и ќе биде претставено на оваа голема уметничка манифестација“, напиша Јорданов, јавува Радио Бугарија.
„Уметноста што води во иднината“ е темата на 23-тото издание на Форумот за уметност во Пекинг, кој се етаблира како голема и ефективна платформа за комуникација и информирање меѓу галериите, уметничките институции и колекционерите.
Повеќе од 100 галерии и уметнички институции од Кина и странство ќе им овозможат на гледачите уникатно искуство на модерната и современата уметност, ветуваат организаторите.
