Бугарскиот министер за економија Пулев: Остануваме посветени на најниски цени на горивата во Европа
Бугарскиот министер за економија, инвестиции и индустрија Александар Пулев изјави дека владата останува посветена на заложбата Бугарија да има најниски цени на горивата во Европа и е подготвена да преземе дополнителни мерки доколку биде потребно.
„Стоиме зад нашата обврска кон бугарските граѓани дека и понатаму ќе имаме најниски цени на горивата во Европа“, рече Пулев во емисијата „Зошто?“ на бТВ, објави Министерството за економија, инвестиции и индустрија на Фејсбук.
Според министерот, владата деноноќно ја следи состојбата со цените на горивата.
Во однос на цените на храната, Пулев истакна дека пристапот на владата е насочен кон поголема транспарентност и подобра заштита на потрошувачите.
„Методологијата за праведна вредност не претставува административно наметната горна граница на цените“, нагласи тој.
Пулев појасни дека методологијата треба да обезбеди објективни инструменти за поголема транспарентност. Резултатите ќе бидат јавно објавени и доставени до надлежните контролни органи.

