|

Бугарскиот министер за култура доаѓа во Скопје за отворањето на новата зграда на Бугарскиот културно-информативен центар

Бугарскиот министер за култура проф. Велислав Минеков ќе присуствува на утрешното отворање на новата зграда на Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, информираат од Министерството за култура на Бугарија.

БКИЦ во Скопје е еден од 11-те културни институти кои ја претставуваат културата на Бугарија во странство. Во Скопје постои речиси 20 години и конечно ќе го добие заслуженото место во центарот на градот – исто како што Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија се наоѓа во срцето на Софија, се вели во соопштението на Министерството.

„Бугарија посветува особено внимание на развојот на културните односи со нашите партнери од Западен Балкан. Во таа насока, министерот за култура, проф. Велислав Минеков, ќе се сретне и со својата колешка од Министерството за култура на Р. Северна Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска“, стои во соопштението на бугарското Министерство за култура.



Слични Објави