МЕПСО на Клиничката болница Тетово и ги донира средствата од заштедената електрична енергија

/

Првата донација од 10.000 евра компанијата ја додели на Клиничката болница во Тетово, информираат од АД МЕПСО.

-Вчера генералниот директор Орхан Муртезани и директорот на тетовската клиничка болницата Амир Елези, потпишаа договор за донацијата. Според зборовите на Елези, овие пари се добредојдени во оваа енергетска криза, а истите рече тој, ќе ги бидат искористени за подмирување на сметките што болницата ги има за електрична енергија, соопшти МЕПСО.

АД МЕПСО, се нагласува во соопштението, е општествено одговорна компанија која и во време на енергетска криза наоѓа начин да им помага на тие на кои тоа им е најпотребно.

-Ваквата пракса компанијата ќе ја продолжи и во иднина, односно сите заштеди во потрошувачка на електрична енергија што ќе ги направи во месеците што следат, ќе бидат искористени за хуманитарни цели, велат од МЕПСО.



Споредбената анализа за потрошувачката на електрична енергија во октомври 2022 и октомври 2021 година, како што посочуваат, покажува дека во Управната зграда на АД МЕПСО е остварена заштеда од 22,12 отсто. Со рационално користење на електричната енергија во септември АД МЕПСО направи заштеда во потрошувачката од 17,57 отсто во однос на истиот период лани.

-Големите промени започнуваат од нас самите, затоа штедиме за да имаме сите, порачуваат од АД МЕПСО.



Претходна статија

Бугарскиот министер за култура доаѓа во Скопје за отворањето на новата зграда на Бугарскиот културно-информативен центар

Следна статија

Радев ја потсети РС Македонија од каде минува патот кон ЕУ

Најново од Вести