Радев ја потсети РС Македонија од каде минува патот кон ЕУ
„Државните раководители во Република Северна Македонија и општеството мора да разберат дека патот кон Европската Унија минува низ признавањето и почитувањето на македонските Бугари и нашето културно-историско наследство. Тоа е единствениот начин“.
Ова го изјави претседателот на Бугарија Румен Радев, по повод вооружениот напад на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, јавува БГНЕС.
Претседателот коментираше и други внатрешно политички теми, за време на неговата посета на Враца, каде што учествуваше на отворањето на нова фабрика за автомобилски делови.

