| |

(Видео) Доц. д-р. Спас Ташев: РСМ не сака да стане дел од ЕУ

Сметам дека РС Македонија не сака да стане дел од Европската Унија. Ова за бугарската телевизија BG On Air го изјави доц. д-р Спас Ташев, поранешен директор на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Ташев е дециден дека власта во РС Македонија е свесна дека со своите постапки ја оддалечува земјата од влез во ЕУ.

Поранешниот директор на Бугарскиот КИЦ во Скопје сподели дека уште во периодот 2006-2009 г. во разговори со негови колеги од други амбасади се зборувало дека РС Македонија не сака да стане дел од ЕУ.

„Уште во периодот 2006-2009 г. јас комуницирав со мои колеги, претставници на други амбасади на држави членки на ЕУ. Тие имаа стигнато до заклучокот дека Скопје нема желба за тоа и сите активности го покажуваат тоа“, вели Ташев.

Тој изјави исто така дека и во времето кога тој бил директор на БКИЦ, бугарската институција била објект на напади. Ташев раскажа за тоа дека бил кршен излогот на центарот и дека гумите на неговиот службен автомобил биле уништувани.

Што уште кажа првиот директор на БКИЦ во Скопје, доц. д-р Спас Ташев, погледнете во видеото што следи:

Слични Објави