ВИДЕО: Бугарија ќе произведе прототип на електромобил

//

Бугарија сака да ги убеди автомобилските гиганти да произведуваат комплетни автомобили во Бугарија. Бугарски компании ќе создадат прототип на автомобил со нови револуционерни технологии. 140 компании во Бугарија произведуваат компоненти за глобалните авто гиганти. Во една од нив над 800 специјалисти дизајнираат и развиваат електроника без која возила не можат да функционираат. Производството се држи во тајност.

Бугарските инженери развиваат за прв пат уред за светски автомобилен гигант, што практично ја претвора контролната табла на возилото во огромен таблет. Во рок од една година, системот развиен во Бугарија ќе биде воведен во автомобилите ширум светот. За да се привлечат големите фирми за производство на автомобили, во Бугарија ќе биде создаден бугарски прототип на електромобил со технологија за автономно возење, која ќе ги  ограничува катастрофите.

Според експертите, овој револуционерен проект ќе креира околу 10.000 нови работни места.



Претходна статија

Аферата „Гијом“- најголемата грешка на Штази

Следна статија

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МИНИСТЕРКАТА МИЛА ЦАРОВСКА

Најново од Вести