| |

Бугарскиот министер за одбрана ќе учествува на НАТО-средбата во Брисел

Министерот за одбрана на Бугарија, Атанас Запрjaнов, ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, што ќе се одржи на 5 јуни во Брисел.

Главни теми на форумот ќе бидат јакнењето на одбранбените способности на Алијансата, подготовките за Самитот во Хаг (24–25 јуни), зголемувањето на воените трошоци и поддршката за Украина.

Денеска Запрjaнов ќе присуствува и на состанокот на Контактната група за воена поддршка на Украина, по покана на британскиот и германскиот министри за одбрана.

Слични Објави