Бугарскиот премиер Денков ќе учествува на самитот во рамките на Берлинскиот процес
Бугарскиот премиер академик Николај Денков утре ќе ја посети Албанија каде ќе учествува на самитот на шефови на држави и влади во рамките на Берлинскиот процес, јавува БГНЕС.
Процесот е создаден со цел да се поддржи продлабочувањето на економската интеграција на земјите од Западен Балкан, приближувајќи го регионот до вредностите и социо-економските стандарди на ЕУ.
На утрешната средба на највисоко ниво ќе се разговара за интеграцијата на регионот во единствениот пазар и за подобрување на конвергенцијата со ЕУ, како и за поддршката за зелена и дигитална транзиција на Западен Балкан.

