| |

Бугарскиот премиер Главчев ќе учествува во Конференцијата за обнова на Украина во Берлин

Премиерот на Бугарија Димитар Главчев во вторник во Берлин ќе учествува на Конференцијата за обнова на Украина, соопшти прес-службата на бугарската влада. Главната цел на форумот во германската престолнина е да се мобилизира меѓународна поддршка за обнова, реформи и модернизација на Украина.

Премиерот Димитар Главчев ќе учествува на официјалното отворање на Конференцијата на која ќе присуствуваат и германскиот канцелар Олаф Столц, украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Премиерот ќе присуствува на работната средба на шефовите на држави и влади на тема „Меѓународна поддршка за Украина и мобилизација на приватни иницијативи за обнова на Украина“. Главчев ќе има говор во рамки на седницата на шефовите на делегациите, а ќе присуствува и на приемот на претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.

Слични Објави