Бугарскиот премиер Јанев се сретна со пожарникарите што помогнаа во гасењето на пожарите кај нас

//

„Ви благодариме за она што го правите за луѓето. Вашите дела заслужуваат големо признание“, изјави бугарскиот премиер Стефан Јанев на вчерашната средба со пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарите во Благоевградскиот регион и во Република Северна Македонија.

Во селото Габрово благоевградско, премиерот ги поздрави храбрите пожарникари за нивната хуманост, солидарност и емпатија. Премиерот ја истакна важноста на мисијата на вработените во Генералниот директорат „Пожарна безбедност и заштита на населението“ кон Министерството за внатрешни работи, припадниците на бугарската армија, вработените во шумските стопанства и волонтерите вклучени во борбата со огнот.



„Вашите дела заслужуваат голема благодарност. Уверен сум дека вашата поддршка ќе биде високо ценета и од бугарските граѓани и од граѓаните на РСМ “, рече премиерот.

Претходна статија

Филипче: Целта на мерките кои ги воведуваме е да се стимулира вакцинацијата

Следна статија

Заев: За бегалците од Авганистан бесплатен ПЦР тест, вакцина и здравствен преглед

Најново од Вести