Бугарскиот премиер Желјазков пристигна во официјална посета на Молдавија
Бугарскиот премиер Росен Желјазков пристигна на официјална дводневна посета во Република Молдавија, јавува БГНЕС. Во текот на денешниот ден, Желјазков ќе се сретне со неговиот молдавски колега Дорин Речан, по што ќе се одржат пленарни разговори меѓу двете делегации.
Подоцна, двајцата премиери, заедно со бугарскиот министер за образование и наука Красимир В’лчев, ќе го посетат градот Тараклија. Таму ќе се сретнат со претседателот на Општинскиот совет, Лазар Дерменџи, и ќе ја посетат филијалата на Русенскиот универзитет „Ангел К’нчев“ во градот.
