(Видео) Бугарскиот премиер Желјазков се сретна со неговиот молдавски колега Дорин Речан
Премиерот на Бугарија, Росен Желјазков, пристигна на официјална посета во Молдавија, каде што со свечена церемонија беше пречекан во Кишињев од неговиот молдавски колега, Дорин Речан. Двајцата премиери ќе разговараат за процесот на европска интеграција на Молдавија, која од јуни минатата година официјално ги започна преговорите за членство во Европската унија, јавува БНР.
Молдавските граѓани на референдум ја поддржаа евроинтеграцијата на земјата, а претседателката Маја Санду – позната по својата проевропска политика – освои втор мандат, зацврстувајќи го курсот кон ЕУ.
Освен за евроинтеграцијата, Желјазков и Речан ќе разговараат и за продлабочување на економските врски меѓу двете држави, како и за положбата на бугарската заедница во Молдавија, која брои околу 80 илјади луѓе.
Во текот на денот, двајцата премиери ќе ја посетат и општината Тараклија – регион каде што живее етничката бугарска популација. Тие ќе го посетат и локалниот огранок на Русенскиот универзитет „Ангел К’нчев“.
