| |

Бугарскиот сноубордер Тервел Замфиров е прогласен за почесен граѓанин на Банско

Бугарскиот сноубордер и носител на бронзен медал од Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, Тервел Замфиров, го доби признанието „Почесен граѓанин на Банско“. Признанието му беше врачено на свеченоста по повод Денот на Банско – 5 октомври, јавува БГНЕС.

Замфиров е еден од најуспешните млади спортисти кои своето име го поврзаа со Банско и со бугарскиот сноубординг.

„Со ова признание Банско им оддава заслужено признание на неговите достигнувања, но и на примерот што им го дава на младите луѓе. Зад успесите на Тервел стојат талент, многу труд, дисциплина и истрајност – квалитети кои заслужуваат почит и поддршка“, се наведува во соопштението на Општина Банско.

Во обраќањето пред присутните, градоначалникот на општината Стојчо Баненски го истакна значењето на заедничките напори и партнерството меѓу Општината, бизнис-секторот, институциите и граѓаните за иднината на Банско.

На церемонијата присуствуваа и Цеко Минев, претседател на Бугарската скијачка федерација, и Маја Христоскова, извршен директор на „Јулен“ АД.

Слични Објави