| |

Два трговски брода се нападнати со дронови во бугарската економска зона во Црното Море

Два трговски брода биле погодени во координиран напад со беспилотни летала во Црното Море, источно од ’ртот Свети Атанас и градот Бјала, јави БГНЕС. Еден брод потонал, а 18-члениот екипаж на вториот бил евакуиран.

Бродот ALFA WATAN, кој пловел под знамето на Того, претрпел тешки структурни оштетувања и потонал источно од бугарскиот брег. Засега нема официјални информации за судбината на неговиот екипаж.

На бродот ABLE, кој пловел под знамето на Палау, избувнал сериозен пожар по нападот, по што сите 18 членови на екипажот го напуштиле пловилото.

Морнарите биле спасени од бугарскиот ферибот DIOSCURIA, кој бил пренасочен кон местото на инцидентот. Меѓу спасените има повредени, на кои им била укажана прва помош на бродот.

Во тек е координација за нивна медицинска евакуација кон болнички установи на брегот.

Околностите околу нападот и сопственоста на дроновите сè уште се утврдуваат.

Бугарската претседателка Илијана Јотова ја промени својата програма поради двата брода погодени со дронови во бугарската економска зона во Црното Море, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Откажана е нејзината денешна посета на Велико Трново, каде во 11 часот требаше да присуствува на претставувањето на резултатите од археолошките истражувања и реставрацијата на ридот Трапезица.

Во меѓувреме, премиерот Румен Радев свика средба со претставници на институциите во врска со инцидентот, соопшти владината прес-служба.



Слични Објави