„Коридор 8“ наврши една година

//

„Пред точно една година, токму во тоа време започна првата епизода од „Коридор 8“. Ви благодариме што бевте со нас во овие 365 дена. Не забележавме кога одлетаа, но свесно ги искористивме, направивме 52 епизоди и вложивме многу верба, љубов и надеж во нив. Благодарение на вашата морална поддршка, чувствуваме дека сме на вистинскиот пат, дека имаме заеднички цели и дека нашите напори и упорност имаат смисла не само во нашите глави.

Нашите амбиции беа и останаа скромни – да започнеме нормални разговори меѓу нормални луѓе од Македонија и Бугарија и да ги поврземе овие луѓе во мрежи кои ниту политичарите, ниту медиумските пропагандисти, ниту троловите не можат да ги уништат. Сакавме и можевме да покажеме дека повеќе работи нè зближуваат отколку што не разделуваат.

Имавме критичари, хејтери и луѓе на кои не им се допаѓа тоа што го правиме и како го правиме. Сепак, имаме и многу симпатизери и поддржувачи на нашата кауза.

Да си посакаме здравје, мир во душата и повеќе задоволство од она што го работиме. Нека ни се множат епизодите и годините!



Да живее Бугарија!
Да живее Македонија!“, стои во пораката до гледачите и фановите на подкастот Коридор 8– Македонско-бугарска седенка.

Претходна статија

Во Кичево физички нападнати полициски службеници

Следна статија

Бројот на активни случаи намален од 8.000 на 6.000, регистрирани 355 новозаразени

Најново од Вести