Бугарскиот тим успеа да извлече 2 од 5-те цистерни со амонијак што излетаа од шини кај Пирот
Вчера и денеска според распоред се извлечени две од петте цистерни со амонијак, кои излетаа од шините во истиочниот дел на Србија. Ова го соопшти за БТА Дилјана Дојчинова од прес-центарот на Министерството за транспорт и врски на Бугарија.
На 26 декември 2022 година, товарен воз со амонијак излета од шините во источна Србија, две лица загинаа, а десетици беа повредени. Националното претпријатие за железничка инфраструктура на Бугарија испрати опрема и вработени во Србија за да помогнат во подигањето на излетаните цистерни кај Пирот.
Дојчинова објасни дека бидејќи сè уште има одредено истекување на амонијак, српските власти во моментов забрануваат какви било активности за поправка. Таа прецизираше дека чекаат ситуацијата да се стави под контрола за да продолжат со работа.
Се очекува пругата да биде целосно обновена од 10 до 11 јануари, истакна Дојчинова. Таа рече дека има вкупно пет цистерни, а уште три допрва треба да се извлечат.
Дојчинова прецизираше дека во Србија се испратени 11 лица вработени во Националното претпријатие за железничка инфраструктура на Бугарија. Тие работат со заштитна опрема, со маски, и засега немаат поплаки, додава таа.

