Бугарскиот возач Никола Цолов со втора победа во низа во Формула 2 во Мајами
Бугарскиот возач во Формула 2 Никола Цолов ја запиша својата втора победа во низа, триумфирајќи во спринт-трката од вториот круг во Мајами, јавува БГНЕС.
Никола Цолов, нарекуван „Бугарскиот лав“, стартуваше од пол-позиција и го задржа водството и покрај притисокот од Лоренс ван Хопен. Во текот на трката, двајцата неколкупати ги разменија позициите, а битката кулминираше во последниот круг.
Цолов успеа да ја врати лидерската позиција во завршницата и победи со предност од само 0,1 секунда. Алекс Дан заврши трет.
Главната трка во Мајами ќе се одржи утре од 19:30 часот, при што Куш Мајни ќе стартува од пол-позиција, а Цолов од десеттото место.
