| |

Бугарските пожарникари го одбележуваат својот професионален празник

Бугарските пожарникари денеска ќе го одбележат својот професионален празник со церемонија во Софија, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи, пренесува БТА.

На настанот, кој започнува во 10:00 часот, ќе присуствува министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, како и претставници на раководството на Министерството.

Денот е прогласен за професионален празник со одлука на бугарската Влада од 13 септември 1995 година. Датумот е поврзан и со годишнината од првиот пожарникарски собир во Софија во 1905 година, кога било основано првото професионално здружение на пожарникарите во Бугарија.

Празникот традиционално се одбележува во рамки на Неделата на противпожарната безбедност.

Слични Објави