| |

Министрите за одбрана на Бугарија и Италија ќе одржат работна средба во бугарската авиобаза „Безмер“

Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов денеска, 14 септември, во авиобазата „Безмер“ ќе го пречека својот италијански колега Гвидо Крозето, кој престојува во посета на Бугарија, јавува БТА.

Двајцата министри и нивните делегации ќе одржат работна средба, по што ќе дадат кратки изјави за медиумите.

Подоцна Крозето ќе го посети полигонот „Ново Село“, каде што ќе се сретне со италијанскиот воен контингент во состав на Мултинационалната борбена група на НАТО во Бугарија, чија рамковна држава е Италија.

Во декември минатата година Бугарија и Италија потпишаа договор за одбранбена соработка, кој предвидува заедничка изградба и користење воени објекти во реонот „Кабиле“.



Слични Објави