Бугарските ученици освоиле 68 медали на меѓународни олимпијади и натпревари во 2026 г.
Бугарските ученици досега освоиле 68 медали на меѓународни олимпијади и натпревари по природни науки во тековната натпреварувачка сезона, а националните тимови треба да учествуваат на уште четири меѓународни олимпијади, јавува БНР.
„На нашата држава ѝ се потребни талентирани, способни, образовани и одговорни млади луѓе“, изјави министерот за образование и наука на Бугарија проф. Георги В’лчев, обраќајќи им се на учениците кои освоија медали на меѓународните олимпијади и натпревари.
Младите таленти беа наградени со почесни признанија и електронски читачи.
Според соопштените податоци, бугарските ученици во досегашниот тек од годината освоиле вкупно 68 медали на одржаните меѓународни олимпијади и натпревари.
До крајот на натпреварувачката сезона се очекува учество на бугарските национални тимови и на меѓународни олимпијади по информатика, вештачка интелигенција, географија, како и астрономија и астрофизика.
