Бугарското министерство за култура ги додели традиционалните награди за Денот на просветителите
Министерот за култура Најден Тодоров ги врачи традиционалните награди на Министерството на истакнати уметници и творци по повод Денот на народните просветители, 1 ноември. 48 извонредни творци, уметници, членови на заедницата и научници од различни области на уметноста добија награди за нивниот придонес во развојот на бугарската култура и духовност.
Наградата на Министерството за култура „Златен век – ѓердан“ и диплома за особен придонес во развојот на бугарската култура и националниот идентитет и беа врачени на примабалерината и балетска професорка Красимира Колдамова, која слави 85 години.
„Министерството за култура не нè заборава, без разлика на возраст продолжуваме да работиме, да даваме на младите“.
Од своја страна, в.д. министерот за култура Најден Тодоров рече:
„Народни просветители се оние луѓе кои му даваат смисла на постоењето на нашата нација. Не случајно денес ги посветуваме овие награди токму на луѓето од уметноста и културата. Тие се просветители на нашето време. Оние поради кои нашата нација нема да спие“.
Меѓу наградените беа виолинистот, музичар и педагог проф. Димо Димов, како и оперската примака Рајна Кабаиванска, на која министерот Тодоров ќе и ја додели наградата подоцна, во рамките на нејзиниот музички настан.
Фото: БНР

