БУГАРСКОТО МНР ИНДИРЕКТНО ГО ОБВИНИ НИКОЛА ДИМИТРОВ ВО ЛАГА?
Бугарското Министерство за надворешни работи преку објава на социјалната мрежа facebook индиректно го обвини Никола Димитров во лага во однос на условите за почеток на преговорите за влез во ЕУ на Македонија.
„Вистина или не?
8 декември 2020 г. Никола Димитров, вицепремиер на РСМ: Во март решението на ЕУ за почеток на преговорите беше без услови.
25 март 2020 г. Заклучоци на Советот на ЕУ за почеток на преговори со РСМ: Добрососедските односи и регионалната соработка продолжуваат да бидат основни елементи од процесот на проширување како и од процесот за стабилизација и асоцијација. Советот потсетува дека е важно да постигнат видливи резултати и да се спроведат билатералните споразуми, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија како дел од процесот за проширување“, стои во објавата на бугарското МНР.