НАТУРА.МК: ПОПРЕЧЕНОСТА Е САМО ПРАШАЊЕ НА ПЕРЦЕПЦИЈА
Овој викенд, 3 лица со оштетен вид во придружба на 3 планинари се искачија до врвот на Водно. За учесниците во турата ова беше одлична авантура, дружба и задоволство.
„Секој врв е предизвик, но надминувањето на личните предизвици го комплетира успехот“- велат организаторите.
Активностите се дел од кампањата “Осети природа” која ја спроведува Здружението НАТУРА МК Скопје. Кампањата “Осети природа” – иницијатива за луѓе со оштетен вид е дел од Проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, финансиран од Европската Унија во кој партнери се Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.