| |

Бугарското МНР ја повика на разговор руската амбасадорка во земјата Елеонора Митрофанова заради потрагата по бугарскиот новинар Христо Грозев

Амбасадорката на Руската Федерација во Бугарија, Елеонора Митрофанова е повикана во МНР поради потрагата по новинарот Христо Грозев, прогласена од официјална Москва. Ова го соопшти за Бугарската национална телевизија Министерството за надворешни работи на Бугарија.

„Во врска со најавената федерална потрага по бугарскиот истражувачки новинар Христо Грозев од страна на Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација, ве известуваме дека амбасадорката на Русија во Софија, Елеонора Митрофанова, е повикана на состанок во Министерството за надворешни работи во првиот работен ден по празниците“, се наведува во соопштението на бугарското МНР.



Слични Објави