Бугарското МНР за БГНЕС: Документот за којшто зборува Бујар Османи е неприфатлив, разговорите треба да продолжат

//

За време на состанокот во февруари, Бугарија ја информираше РС Македонија дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат.

Ова специјално за БГНЕС го соопштија од бугарското МНР во врска со наводите на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи дека постои документ кој е одобрен од нивна страна и се чека одговор од властите во Софија.

„Постои активен дијалог меѓу министерствата за надворешни работи на Бугарија и Република Македонија со цел да се изнајдат решенија за отворените политички прашања. Последниот експертски состанок на тимовите на МНР се одржа на 11 февруари годинава, на кој се разговараше за најновите предлози на РС Македонија, официјално испратени во декември 2021 година како одговор на предлозите на бугарската страна 2021 година, во Скопје. На средбата во февруари бугарската страна ги информираше претставниците на РСМ дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат“, соопштуваат од бугарското МНР.



За БГНЕС МНР нагласи дека „кога ќе има изгледи за значителен напредок, бугарската страна ќе испрати свој контрапредлог со цел приближување на ставовите“.

Претходна статија

Kамчев ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец

Следна статија

Македонија ќе игра пријателски меч со Украина?!

Најново од Вести