Kамчев ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец

/

Орце Камчев ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец, третоосуден во случајот „Рекет“. Ова го констатираше судијата Андреј Димовски на денешното рочиште во Граѓанскиот суд, каде Орце Камчев бараше еден милион да му исплатат Бојан Јовановски-Боки 13, Катица Јанева и Милески-Кичеец како и државата. Судијата Димовски констатираше дека тужбата против Милески-Кичеец е повлечена за надоместок на над 92 милиони.

„Ценејќи дека во текот на постапката со поднесок поднесе поднесок за повлекување на тужбата против Зоран Милески од Скопје, судот донесе решение се констатира повлекување на тужбата на тужителот Јордан Камчев против третотужениот“, посочи судијата.

Адвокатот на Медарски, се согласи со повлекувањето на тужбата. Ова следува откако на првото рочиште, Камчев преку адвокат кажа дека нема да бара враќање на дел од милионот.

„Согласни сме со откажувањето на тужбеното барање кон третотужениот“, рече Медарски.

Лазар Јанев, адвокат на ексспецијалната обвинителка Катица Јанева кажа дека Орце Камчев се обидува да повторува иста лага, за да стане вистина.



„Во недостаток на правна основа на ова тужбено барање, тужителот се обидува во повеќе наврати на ни повтори една иста лага се со цел истата да стане вистина и затоа бараме судот да има во предвид дека полномошникот на тужителот и во тужбата и во одговорот на тужба и во претходно доставените барања, во доставените барања, со доставување на пресудата на Кривичниот суд, всушност сака само да го сврти вниманието во погрешна насока, а не во насока на одредбите во Законот за облигациони односи и Законот за спречување корупција кои претставуваат“, кажа Јанев.

Адвокатот Александар Михајловски на рочиштето раскажуваше како според бизнисменот Орце Камчев биле земени парите од Бојан Јовановски и Катица Јанева.

„Тужената Катица Јанева во таканареченото СЈО, на 13.10. 2018 година одржила прес-конференција 16 месеци откако е поминат законскиот рок за покренување на истраги согласно посебниот закон на која објавува дека се започнати истраги по три предмети, ‘Империја’, ‘Базни станици’ и ‘Поштенска банка’. Прес-конференцијата е 16 месеци кога веќе изминал рокот за покренување на истраги. Сите предмети немале допирна точка со предметот на работа на СЈО од причина што предмет биле незаконски прислушкувани материјали предадени од тогашниот лидер на опозицијата, за кое било формирано СЈО. Но во сите предмети осомничени биле познати македонски стопанственици. По објавата на таа прес-конференција и највата за водење на тие истраги, на сцена стапил тужениот Бојан Јовановски кој од пресудата која ја цитирав (Рекет) во блиски релации со тужената Катица Јанева и со самата пресуда утврдено влијание кое го имал врз тужената Катица Јанева, пристапил кон сите овие стопанственици со понуди за разни видови соработки. Пред се да платат реклами во тогашната телевизија ‘1ТВ’ како и да финансираат наводни проекти. Очигледна била спрегата, помеѓу тужената Катица Јанева и тужениот Бојан Јовановски да се отворат предмети против стопанственици за да можат да бидат изнудувани средства. Во пресудата ќе видите искази на сведоци на кој начин биле изнудувани средства. Така од тужителот биле изнудувани на повеќе средби, прво да плати реклами во тогашната ‘1TВ’, да финансира изградба на шопинг молови, да финансира изградба на старечки домови. Кога тужителот ги одбил сите овие понуди, настапува второтужената Катица Јанева со јавно обзнанување на предметот и изрекување на мерка притвор. По сите притисоци се потврдува мерката за тоа кој ги диригира конците, кој ја контролира ситуацијата и на кој начин да ја прифати изнудата“, рече Михајловски.

Извор: Temite

Претходна статија

Русија предупредува: Ќе ги засилиме нападите врз Киев

Следна статија

Бугарското МНР за БГНЕС: Документот за којшто зборува Бујар Османи е неприфатлив, разговорите треба да продолжат

Најново од Вести