БУГАРСКОТО ЗНАМЕ ЗАПАЛЕНО ВО ВЕВЧАНИ

слика: Алсат

loading...

Во крајно наелектризирана атмосфера со зголемено присуство на полицијата, учесниците на вевчанскиот карневал завршија со манифестацијата со традиционално палење на маските, но беше запалено и бугарското знаме, јавува Алсат.

А, вевчанци се револтирани од вчерашниот однос на полицијата која го растури карневалот откако маскираните самоиницијативно се упатија сред село. Таму вообичаено се одржува карневалското дефиле иако годинава карневалот официјално не се организираше поради корона вирусот, па многу граѓани самите решија да ја одржат традицијата.

Градоначалникот на општината вели дека вина за она што се случи има кај сите, но според него, револтот ескалирал бил поради зголеменото полициско присуство.

Целиот напис прочитајте го овде.
Извор: Алсат

loading...