ЖЕЛЕВ ВО ПРВО ЛИЦЕ ЕДНИНА: БУГАРИЈА ПРВА ЈА ПРИЗНА МАКЕДОНИЈА, ГИ УБЕДИВМЕ И ТУРЦИЈА И РУСИЈА ДА ГО НАПРАВАТ ИСТОТО

По повод денешната вест дека САД ја признаваат Р. Македонија под нејзиното уставно име, поранешниот претседател на Бугарија Желју Желев изјави дека треба да бидеме горди од фактот што Бугарија прва и без никакви услови ја признала Македонија со нејзиното уставно име, како самостојна и независна држава.

„Имаше неколку типа на размислување“, вели Желев. „Од една страна некој да не помисли дека исчекуваме и имаме претензии кон Македонија, а од друга да не се помисли дека сме зависни од одлуката на западните земји. Во суштина Бугарија го презеде овој чекор во противречност со одлуката на Европската унија, која не можеше да донесе таква одлука поради Грција. Турција стана втората држава која ја призна Македонија. Таа го направи тоа по силна препорака од наша страна. На средба со тогашниот турски премиер Сулејман Демирел, јас подвлеков дека Турција треба да ја признае Македонија и дека тоа е од големо значење за стабилизацијата на Балканот. Македонија можеше лесно да стане жртва на внатрешни нереди, или на окупација. Демирел гледаше во аголот на кабинетот и рече „по една недела ќе ја признаеме Македонија.“ Така и се случи“. си спомнува Желев.

„Русија стана третата земја која ја призна Македонија. Шест месеци подоцна од нас и повторно по наше настојување разговарав неколку пати со тогашниот претседател на Русија, Борис Елцин, за време на меѓународни средби и јас цело време истакнував дека за нас е од исклучителна важност Руската федерација да ја признае независноста на Македонија. Последен пат разговарав со него за тоа за време на неговата посета во Бугарија. Тој го потпиша указот за признавање на Македонија во авионот 10 минути по полетувањето од Софија“, вели Желев пред новинарската агенцја BGNES во 2004-та година.

loading...

04.11 2004 BGNES


loading...