| |

Голема победа за Бугарија, светскиот првак е на колена!

Кошаркарската репрезентација на Бугарија вчера го победи светскиот првак во кошарка Германија во вториот натпревар од квалификациите за Евробаскет 2025, јавува БГНЕС. Избраниците на Росен Барчовски пред полна сала во Ботевград го победија актуелниот светски шампион со 67:62. Бундестимот немаше пораз од ноември 2022 година.

Успехот е историски и прв за бугарската репрезентација, откако во првиот натпревар од кампањата загуби од Шведска со 70:84.

Најпродуктивен од момците на Барчовски беше Коди Милер-Мекинтајр, кој постигна 23 поени, 5 скока и 4 асистенции. Христо Захариев додаде 15 поени и 4 скока и 2 асистенции. Се истакна и Да Силва од Германија со 15 поени.

Слични Објави