| |

Бургас и Софија во финалната трка за домаќин на „Евровизија 2027“

Бургас и Софија продолжуваат во завршната фаза од изборот за град домаќин на „Евровизија 2027“, додека Варна и Пловдив отпаднаа по првиот круг на оценување, јавува БНТ.

Во оваа фаза биле разгледувани техничките карактеристики на предложените сали, согласно барањата на Европската радиодифузна унија и продукциските стандарди на натпреварот.

Директорот на „Евровизија“, Мартин Грин, им се заблагодари на Варна и Пловдив за нивната посветеност и амбиција.

„Силната конкуренција меѓу градовите е јасен доказ за значајните економски и општествени придобивки од организацијата на натпреварот“, изјави Грин, додавајќи дека очекува двата града да бидат дел од националните настани поврзани со „Евровизија 2027“.

Генералната директорка на БНТ, Милена Милотинова, нагласи дека одлуката е донесена исклучиво врз основа на однапред утврдени технички и инфраструктурни критериуми.

„Тоа не ги доведува во прашање квалитетите на градовите што отпаднаа и нивните традиции во музиката, културата и меѓународните фестивали“, истакна Милотинова.

Меѓународната работна група продолжува со оценувањето на кандидатурите на Бургас и Софија.

Слични Објави