ДРЖАВНИОТ ПАТ БИТОЛА-ПРИЛЕП КАЈ ТИРЗ-ПРИЛЕП ПУШТЕН ВО СООБРАЌАЈ

//

Заврши изградбата на сообраќајна клучка со надвозник на државниот пат Битола-Прилеп која се наоѓа во непосредна близина на технолошко-индустриската развојна зона-Прилеп.

Со завршување на градежните работи пуштен е во сообраќај магистралниот пат А-3, Битола-Прилеп во двете насоки, кој како што е познато изминатиов период беше затворен и пренасочуван по стариот пат, релација во атарот на селата Алинци и Лагово, што се наоѓа меѓу двете пелагониски општини.



Со изградбата на патен јазол на две нивоа, зголемена е безбедноста во сообраќајот, непречено вклучување и исклучување технолошко-индустриската зона, како и непречен сообраќај на магистралниот пат А-3 во непосредна близина на селото Алинци.



Претходна статија

МАЛЕСКИ: АКО ПРОБЛЕМОТ СО ГРЦИЈА ГО ИЗМИСЛИВМЕ НИЕ, ПРОБЛЕМОТ СО БУГАРИЈА ЗА МИНАТОТО НЕ Е ИЗМИСЛЕН ТУКУ РЕАЛЕН

Следна статија

117 ЛИЦА ГО ПРЕКРШИЛЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Најново од Вести