ЦАНОВСКИ: СЕ СОМНЕВАМ ДЕКА ПОРОТНИЧКАТА САМОВОЛНО ДАЛА ОСТАВКА

Оштетениот бизнисмен Фијат Цановски во случајот ТНТ, по денешното рочиште на кое судот констатираше дека судењето ќе почне од почеток, рече дека се сомнева оти поротничкта Лилјана Ивановска-Кочковска самоволно дала оставка, како што навела во поднесокот до судот.

„Како што видовте на половина час пред почетокот на судењето поротничката дала оставка. Се сомневам дека самоволно ја дала. Јас верувам во правосудниот систем и дека овој процес брзо ќе заврши“, цели Цановски.

Бизнисменот Цановски смета дека мафијата се обидува повторно да завладее, а обвинетите се надеваат ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, па како што рече „сваровски судството” повторно ќе завладее.

„Одбраната се обидуваше да пролонгира судења, очекувајќи дека ќе победат на наредните избори и да завладее на ‘сваровски судството’. Јас сум убеден дека мафијата и Груевски диктираа вакво однесување во судница”, рече Цановски.

Во предметот „ТНТ“ што обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, вработени во Општина Гази Баба, како и поранешен премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија. Според обвинението на СЈО за случајот, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски.

Извор: Макфакс