НЕПОЗНАТ СТОРИТЕЛ ГО ОШТЕТИЛ СКОПСКИОТ АКВАДУКТ
Непознат сторител извршил оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што биле оштетени 10 потпорни носечки столбови. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 11:00 часот во СВР Скопје, од страна на директорот на Конзерваторскиот центар – Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
