Пропустите кај овој човек се шокантни, со докази ќе покажеме што се бил спремен да направи за профит, рече обвинителот за сопственикот на дискотеката
По повеќе од четири часа евиденција на сите присутни попладнево почна судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со 63 жртви и над 200 повредени. Обвинителството кое го преставуваа 15-мина обвинители на денешното рочиште го даде воведниот збор. Буре барут, безбедносна смртоносна стапица, колективно непостапување и неодговорност, не само кобната ноќ, туку од 2012 година…
