Белгискиот виртоуз на виолина Марк Бучков – солист со Македонска филхармонија
Оркестарот на Македонската филхармонија во четврток (6 февруари) со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Магична виолина“ на кој како солист ќе настапи врвниот белгиски виолинист Марк Бучков. Диригент е маестро Сашо Татарчевски, а на програмата се: увертира „Оберон“ од К.М. Вебер, Концерт за виолина и оркестар бр. 3 во Ге-дур од…
